ВИДЕО: Грмотевиците не ги запреа повеќе од 20.000 фанови на претставувањето на Меси во Интер Мајами

од Stefanija Kuzmanovska
345 прегледи

Американскиот фудбалски клуб Интер од Мајами пред 20.000 мокри, но еуфорични навивачи го претстави своето најголемо засилување, седумкратниот освојувач на Златната топка, Аргентинецот Лео Меси.

Ниту дождот ниту грмотевиците не спречија повеќе од 20.000 навивачи да се соберат на стадионот во Форт Лодердејл на официјалното претставување на Лео Меси (36), кое поради временските неприлики беше одложено еден час.

Откако беше претставен, седумкратниот добитник на „Златната топка“ тргна кон средината на теренот, по осветлена писта облечен во маица и фармерки, и беше претставен со розев дрес со број 10 на Мајами пред да ѝ се обрати на публиката со неколку кратки забелешки во шпански.

„Многу сум среќен што решив да дојдам да играм во овој град со моето семејство, што го избрав овој проект и не се сомневам дека ќе се забавуваме многу и дека ќе се случат многу убави работи. Едвај ги чекам натпреварите. Ја чувствувам истата желба што отсекогаш ја имав за натпреварувањето, дека навистина сакам да победувам и да му помогнам на Мајами да продолжи да расте“, изјави 36-годишниот Аргентинец.

По неговите изјави, на големиот екран на стадионот беше прикажана видео компилација со желби и пораки од поранешниот бек на НФЛ Том Брејди и НБА играчот Стивен Кари. Доаѓањето на Меси е големо засилување за фудбалот во САД, кои ќе бидат домаќини на Светското првенство во 2026 година заедно со Мексико и Канада.

„Како и сите вие, и јас едвај чекам да го видам Лео како излегува на теренот во нашите бои“, рече Бекам, кој е косопственик на клубот од Мајами.

Меси треба да дебитира за Интер Мајами на 21 јули против мексиканскиот Круз Азул.

Слични содржини