Премиерот Никола Груевски по свеченото отворањето на просториите на фирмата „Икс Трејд“ во центарот на Скопје одлучи да се прошета сам по плоштадот, објави А1 ОН. Се задржа на штандот за книги каде меѓу другите беа изложени книгите „Говорот на телото“, „Че Гевара“ и „Што сакаше поетот да каже“, автобиографската книга на Бора Ѓорѓевиќ.

Додека ги разгледуваше книгите, некои од луѓето го одминуваа, некои не го забележуваа, а неколкумина сакаа да се поздрават со него или да направат селфи.
Премиерот на пристојна далечина, иако изгледаше дека е сам, го следеа неколкумина од неговото обезбедување и еден фоторепортер.