(ВИДЕО) Хајредини: Ако Панде Лазаров одлежа 5 години за мито од 500 000, колку ли ќе се лежи за 20 милиони евра?

од desk3
242 прегледи

Во последното издание на „360 степени“ на ТВ Алсат-М анализирајќи ги телефонските разговори што ги објави лидерот на СДСМ, Зоран Заев, за корупција во тендерите на ЕЛЕМ за РЕК Битола и при договарањето на сумите за изградбата на автопатите Кичево-Охрид и Миладиновци-Штип, поранешниот министер за финасии Џевдет Хајредини ја отвори дилемата за тоа колкава би била казната за оние кои земаат мито од повеќе милиони евра ако за само 500 илјади, кои ги добил од кинеската фирма која ја градеше „Козјак“, тогашниот директор Панде Лазаров одлежа 5 години затвор.

 

За тврдењата на опозицијата, поткрепени со прислушувани разговори, дека милионските тендери на ЕЛЕМ се местеле, а дека за договорот со Кинезите за изградба на двата автопата, власта земала провизија од 25 милиони евра, освен Хајредини дебатира и Сабина Факиќ од Центарот за граѓански комуникации кој неодамна објави анализа за стоте најголеми договори за јавни набавки во последните 5 години, меѓу кои предничи токму ЕЛЕМ со 23 договори во вкупна вредност од 384 милиони евра.