(ВИДЕО) Хамас објави снимка од снајперски напад врз израелски војници

од Milan1
109 прегледи

Вооруженото крило на бригадите на Хамас Ал-Касам објави видео од напад врз израелски војници во Појасот Газа во кој користеле снајпери. Како што е наведено, нападот е извршен на самиот север од Појасот Газа во областа Бејт Ханун, а во таа прилика е употребена снајперската пушка „Гул“.

На видеото се гледа како припадници на бригадата Ал-Касам погодуваат неколку израелски војници кои биле на оклопно возило.

Претходно, израелските медиуми објавија дека резервист кој служел како возач на тенк во 79-от баталјон на 14-та бригада, позната и како Бригада Махац, бил убиен во координиран напад во кој биле употребени противтенковски оружја и снајпер.

Тројца други војници покрај него беа ранети, двајца потешко и еден полесно. Ранетите биле евакуирани во болница на лекување.

Слични содржини