433
Хаотични сцени се снимени синоќа на аеродромот во Франкфурт, еден од најголемите и најпрометните во Европа, кој го погоди силно невреме проследено со поплави и вода до колена. Пистите биле поплавени, а на терминалите се појави „езеро“.
https://www.youtube.com/watch?v=pGrqAYPqS2c&ab_channel=NaturalDisasters
Поради големите поплави на аеродромот, дошло до масовни доцнења и откажувања на летови, што предизвикало хаос на аеродромот.
Откажани биле најмалку 70 летови.
Претходната вечер во регионот наврнале и до 60 литри дожд на метар квадратен, пренесува Ројтерс.