Големото дерби од 10. коло на колумбискиот шампионат меѓу Атлетико Национал и Атлетико Јуниор е прекинато во 55. минута од натпреварот по целосен хаос на трибините на стадионот во Меделин. Атлетико Насионал водеше со 2:0, а по вториот гол гостинските навивачи почнаа да ги напаѓаат гледачите, но и играчите
На видеата кои кружат на „Х “(поранешен Твитер) може да се види како еден од домашните играчи е погоден со нож во главата, но за среќа со рачката. Кога го видоа тоа, ултрасите на Национал се втурнаа преку овалната трибина кон гостинските навивачи и тогаш настана целосен хаос.
Навивачите на Национал фрлија неколку навивачи на Јуниор на долната трибина, а дел од нив бегајќи од противниците и самите скокнаа на долната трибина каде што домашните навивачи потоа ги претепаа.
Набрзо, десетици навивачи се најдоа на тревникот, а дел од гостинските навивачи мораа да бидат спасени од бруталните тепања. На едно видео се гледаат двајца играчи како носат еден од своите навивачи подалеку од толпата гневни хулигани.