Во центарот на Подгорица вечерва дојде со судир меѓу полицијата и демонстрантите на Демократски фронт, а полицијата фрли солзавец за да ја разбие толпата.
Претседателството на Демократски фронт одличи протестите да продолжат, а за новиот собир, иако не добија дозвола од полицијата, го закажаа за вечерва во 20 часот.
Собраните луѓе го пробија полицискиот кордон и седнаа на тротоарот пред Собранието на Црна Гора. По еден час полицијата демонстрантите ги потисна кон другиот дел од градот.
Полицијата во очи на протестот уапси повеќе луѓе, кои тргнаа кон Собранието, во центарот на Подгорица за да им се придружи на демонстрантите.
Меѓу уапсените се припадници на Движењето за неутралност Марко Милачиќ и Владислав Дајковиќ и универзитетскиот професор Владимит Божовиќ
По судирот со полицијата демонстрантите се разотидоа, но најавија дека не прекинуваат со протестите и дека утре повторно ќе дојдат во поголем број.