(ВИДЕО) Хавиер Бардем е “грдиот“ во првиот трејлер за последниот дел на “Пиратите од Карибите“

од Vladimir Zorba
193 прегледи

Првите кадри од долго очекуваното продолжение на една од најуспешните филмски секвенци “Пиратите од Карибите” се веќе факт. По мачна за фановите шестгодишна пауза, Џони Деп ќе се врати на големиот екран во култнатата улога на неразумниот и авантуристички антихерој Џек Спароу во новиот “Пиратите од Карибите: Мртвите не зборуваат” во 2017.jtgm5ns2oeuaufmzbwvo

Иако студиото сè уште го крие познатиот пират од љубопитните гледачи, првиот трејлер на филмот ветува типични за серијата акции и напнати моменти и, можеби, најбесниот и страшен непријател досега – капитен Салазар (носителот на “Оскар” – Хавиер Бардем).pirates-caribbean-dead-men-tell-tales-trailer

Новата авантура го наоѓа капетан Џек Спароу во крајно неповолна положба кога смртоносните духови на загинати морнари, на чело со страшниот капитен Салазар (Хавиер Бардем), кои успеваат да излезат од Бермудскиот триаголник и ветиле дека ќе ги убијат сите пирати во морето – односно Џек .

Единствената шанса за опстанок на Спароу е во легендарното трио на Посејдон, но за да го најде, тој мора да склучи несигурен сојуз со Карина Смит (Каја Скоделарио) – брилијантен и убав астроном, и Хенри (Брентон Туејтс) – своеволен млад морнар од Кралските поморски сили.

“Пиратите од Карибите: Мртвите не зборуваат” е со учество уште на Кевин Р. Макнали во улогата на Џошами Гибс, Голшифте Фарахани како морската вештерка Шансата, Стивен Греам во улогата на Скрм, Дејвид Венхам како Скарфилд. Џефри Раш се враќа во култната улога на капитен Хенри Барбоса. Еспен Сенберг и Јоахим Ронинг се режисери на “Пиратите од Карибите: Мртвите не зборуваат” со продуцентот Џери Брукхајмер.