Хезболах ја презеде одговорноста за ракетниот напад утринава врз централниот дел на Израел, во кој првпат ја употреби балистичката ракета Кадер-1, чија цел беше седиштето на Мосад во близина на Тел Авив. „Тајмс оф Израел“ објави дека Хезболах тврди дека нападот бил одговор на експлозиите на пејџери и воки-токи и убиството на високи команданти на исламистичката организација со седиште во Либан, која ја поддржува Иран.
Ова беше прв ракетен напад на Хезболах врз областа Тел Авив.
Израелските одбранбени сили (ИДФ) соопштија дека ракетата била пресретната и дека воените авиони на ИД го погодиле фрлачот на Хезболах кој утрово ја истрела ракетата земја-земја.
– Лансерот е погоден во Нафахије на брегот на Либан – соопшти ИД.
Се вели дека израелските воени авиони оперирале во текот на ноќта против цели во кои имало оперативци на Хезболах и десетици складишта за оружје во кои се чуваат крстосувачки ракети, прецизно наведувани ракетни фрлачи и друга инфраструктура.
ИД рече дека секундарните експлозии што се гледаат на снимката од воздушните напади „укажуваат дека таму се складирало многу оружје“.
Хезболах потврди дека Ибрахим Кубаиси, шефот на нивниот ракетен оддел, е убиен во вчерашниот израелски воздушен напад врз либанската престолнина Бејрут.