151
Еден од моментите за време на инаугурацијата на Доналд Трамп кој привлече најголемо внимание на социјалните мрежи беше реакцијата на Хилари Клинтон на неговиот говор.
На инаугурацијата присуствуваа поранешните американски претседатели, Џо Бајден, Барак Обама, Џорџ Буш и Бил Клинтон, како и нивните сопруги, Џил Бајден, Лора Буш и Хилари Клинтон.
Моментот што сега го споделуваат корисниците на социјалните мрежи е кога Трамп го спомнува Мексиканскиот залив.
Тој повтори дека сака да го преименува во Американски залив, што предизвика смеа кај Хилари Клинтон, која седеше во првиот ред.