Холивудскиот актер Кевин Харт беше дел од Ол-стар викендот, а до солзи успеа да го насмее Никола Јокиќ, кој дури и му призна дека мислел дека е нечие дете.
Имено, снимка од разговор меѓу Харт и Јокиќ ги освои социјалните мрежи, а се чини дека комичарот успеал да го насмее српскиот кошаркар до солзи.
На видеото споделено на Твитер се гледа како Харт му се обраќа на Јокиќ, кој потоа признава дека мислел дека е дете поради неговата висина (скоро 160 сантиметри).
„Не сакам да те навредам, но мислев дека си нечие дете“, му рекол Никола и прснал од смеење.
Додека Харт постојано му велеше „Не се смеј“, Јокиќ призна дека го прашал својот соиграч чие дете е.
Нивниот разговор предизвика бројни реакции на социјалните мрежи, а многумина ја исмеваа висинската разлика меѓу комичарот и кошаркарот.
A COMEDIAN AND A JOKER 😅@KevinHart4real x Jokić pic.twitter.com/JoPxLICIAE
— NBA (@NBA) February 17, 2025