Еден од најрадикалните политички уметници на Русија беше уапсен денеска во Москва, откако ги запали вратите на централата на ФСБ (Федералната служба за безбедност) – наследникот на советското КГБ, пренесе “Ројтерс”.
Од видеокадрите се гледа како 31-годишниот Пјотр Павленски стои пред вратите на зградата на Лубјанскиот плоштад, додека пламенот ги уништува дел од тешките дрвените врати на зградата каде во советско време беа сослушани политичките затвореници. Павленски држи канистер со бензин и гледа кон најмрачниот плоштад, пред да биде уапсен од полицаец. Подоцна адвокатот раскажа пред агенција “Интерфакс” дека уметникот е приведен во полициска станица во Москва и може да биде обвинет за подметнување пожар. Според анонимни извори Павленски може да биде обвинет за мало хулиганство, за што да биде осуден на парична казна и до 15 дена затвор
Во описот на видеото објавено на еден од профилите од социјалните мрежи Павленски објаснува дека акцијата му се нарекува “Закана” и има за цел да го привлече вниманието на употребата на “практики за заплашување” од страна на агенцијата.
“Запалената врата на Лубјанка е фрлена ракавица кон Федералната служба за безбедност, која со методите за заплашување држи во своја власт 146 милиони луѓе. Стравот ги претвора слободните луѓе во маса од некоординирани тела”, пишува уметникот. “Заканата од насилство надвисната над секој кој може да биде прислушуван, следен или проверуван од властите. Војската судови ја убиваат секоја манифестација на слободна волја. Но теророт може да постои само благодарение на стравот”.
Павленски и предходно го привлекувал вниманието со своите постапки, кои според него имаат за цел да ја поткопуваат пропагандната машина на Кремљ и да го привлекува вниманието врз проблемите на општеството.
Така на пример во 2012 година тој ги зашии усните во знак на протест против апсењето на девојките од “Пуси Рајот”. На 3 март 2013 година тој ја организираше акцијата “Туша”, во која легна пред парламентот на Санкт Петербург, завиткан во бодликава жица. Тоа според него го симболизира “постоењето на човекот во угнетувачкиот законодавен систем, каде и најмалото движење предизвикува жестока реакција законот, впиено во телото на поединецот “.
Во ноември 2013 година го прикова скротумот на Црвениот плоштад како метафора за апатијата, која го зафати руското општество.
Овие негови “уметнички акции” се опишувани од критиката како повторување на руска почва на т.н. виенски акционизам од 60-тите години, кога за јавни проблеми се протестира со болка и крв.
Според лекарите, кои го прегледувале во минатото уметникот, тој е психички здрав.
Реакциите на јавноста во Русија кон пројавите на Павленски се измешани: На социјалните мрежи некои ја воспеваат неговата храброст, додека други категорично го осудуваат.
