Десетици илјади луѓе излегоа на антиглобалистки протести во неколку градови во Германија.
Жителите на баварската престолнина Минхен се покажаа најактивни во демонстрациите против договорот за слободна трговија меѓу Европската унија и САД.
23 илјади Германци протестираа по улиците на Минхен со барања за прекин на преговорите меѓу претставниците на Европската унија и САД.
Веќе 2 години се дебатира за создавање на единствен економски простор од двете страни на Северниот Атлантик. Тоа ќе ги отстрани сите давачки и такси меѓу 28-те европски земји и Америка и Канада.
Освен тоа ќе ги обедини сите стандарди. Иако договорот ќе создаде мост меѓу 300 милионскиот пазар на Америка и 500-милионската Европа, договорот содржи и подводни камења.
“Не можам да замислам дека странски држави и нивните корпорации ќе имаат повеќе права од нашите судови и ќе можат да скокаат над нашиот правен систем. Тоа навистина ме вади од рамнотежа “, вели Фриц Михелис, кој е еден од демонстрантите.
Фриц зборува за една од најконтроверзните клаузули од договорот. Тоа ќе им овозможи на големите корпорации да тужат влади во наднационалните судови. А тоа директно ќе влијае на суверенитетот на државите.
