(ВИДЕО) Има 41 година, нема ниту една брчка и изгледа како да има 25, тврди дека тоа е благодарение на еден напиток

од Milan1
417 прегледи

Сопственичка на козметички салон и експертка за убавина, Мишел Ранават (41) на својот „ТикТок“ профил открила дека пие напиток против стареење, чиј рецепт ѝ го открила мајка ѝ.

„Оваа моќна напивка за кожа е мојата тајна за здрава кожа со 41 година. Содржи антиоксиданти кои ја одржуваат кожата млада и помагаат во борбата против инфекциите“, открива Мишел на почетокот од видеото, на кое се гледа како стои покрај мајка си во кујната додека го подготвува пијалакот.

„Мојата мајка го пие ова секое утро, а кога бев дома го испробав и јас“, зборувала Мишел.

„Исцедете половина лимон или лимета и истурете во чаша. Додајте малку цимет за неговите антибактериски својства и малку куркума поради антиинфламаторните својства. Исто така помага и за блескав тен“, додала Мишел.

Манука мед за младост

„Додадете една голема лажица мед манука за неговите детоксикациски својства. „Заборавив да ви кажам да додадете прстофат црн пипер во смесата како би го активирале тој мед“, истакнала таа.

Мишел посочила да се додаде малку топла вода во смесата откако ќе се соединат сите состојки.

„Пијте го ова еднаш дневно наутро за да го зголемите нивото на енергија и ќе забележите дека вашата кожа изгледа многу посветла“, открила Мишел, а следбениците ја опсипуваат со бројни комплименти во коментарите.

„Имаш 41 година?! Изгледаш како да имаш 25 години“, „Не изгледаш постара од 25!“, „Нема шанси да имаш 41, изгледаш како студентка“, се само дел од нив.

 

 

Слични содржини