(ВИДЕО) Има загинати и се држат заложници, нови снимки од терористичкиот напад во Турција

од Milan1
109 прегледи

Терористички напад во кој загинаа најмалку три лица е извршен во главниот објект на турската воздухопловна компанија „ТАИ“ (ТУСАС) во главниот град Анкара, по што напаѓачите земале заложници. Турските медиуми јавуваат дека се случила експлозија, а напаѓачи вооружени со пушки упаднале во седиштето на компанијата.

„Двајца терористи се неутрализирани во терористички напад врз објекти во Анкара. За жал, имаме тројца загинати и 14 ранети. Господ да ги помилува нашите маченици, а на нашите ранети им посакувам итно закрепнување. Го проколнувам овој грозоморен напад. Нашата борба ќе продолжи решително додека и последниот терорист нема да биде неутрализиран“, изјави турскиот министер за внатрешни работи Али Јерликаја.

Според „Си-Ен-Ен Турк“, по експлозијата најмалку двајца напаѓачи влегле во седиштето на компанијата, каде како заложници држат непознат број работници.

Директорот на „Си-Ен-Ен Турк “, Нихат Улудаг рече дека верува оти постои можност нападот да го извршила Курдистанската работничка партија (ПКК), која е означена како терористичка организација во Турција, или членови на Револуционерното народно ослободување.

Јерликаја претходно потврди дека експлозијата која се слушнала надвор од просториите на компанијата е терористички напад, но не прецизираше детали.

Безбедносните сили, службите за итни случаи и пожарникарите беа испратени во кампусот „ТАИ“, во кој работат над 15.000 луѓе. Некои од снимките покажуваат како специјални сили пристигнуваат со хеликоптер и со кучиња за откривање експлозиви.

 

Слични содржини