82
Исламските бунтовници во Сирија, кои го окупираа градот Алепо, упаднаа и во палатата на претседателот Башар ал Асад. Сириските бунтовници објавија снимки од нивниот напад, како и снимки од она што го пронашле во претседателската палата, а со тоа открија лични моменти од животот на сирискиот претседател, преку фотографии пронајдени во палатата.
Да потсетиме дека исламистите по заземањето на Алепо продолжија со напредувањето и го зазедоа градот Хама. Според аналитичарите, заземањето на тој град им го отвора патот понатаму да напредуваат кон Дамаск, главниот град на Сирија.
Алепо, инаку, е град на северот на Сирија, а сега е најсилното упориште на исламските бунтовници.