Прес конференција, СДСМ Велес
Иван Ивановски, член на Советот на општина Велес
Велес, 09.06.2016 година
Почитувани граѓани,
Криминалните политики на ВМРО-ДПМНЕ се на штета на сите работници коишто чесно си го заработуваат лебот.
После цели 10 години, кадрите на ВМРО-ДПМНЕ коишто раководат со фабриката за шински возила „Колска“ ги оставија работниците без работа, со месеци се доцни со исплата на платите, фирмата работи со загуби, нема инвестиции во опрема, нема развој.
Маката на работниците од “Колска“ вчера повторно ги извади на штрајк.
Работниците немаат ниту плата, ниту здравствено осигурување!
Лошата состојба во којашто се наоѓа оваа единствена фирма во државата овластена за работа со шински возила е последица на неспособното управување на кадрите на ВМРО-ДПМНЕ.
Новиот директор од ВМРО-ДПМНЕ, Борис Алчев, треба да излезе во јавноста и на работниците, на нивните семејства и на граѓаните на Велес да им одговори:
Зошто се уште не се исплатени платите и придонесите на работниците од „Коласка“?
Кога ќе им престане оваа неизвесност со којашто секојдневно се соочуваат?
Дали КОЛСКА должи на Управата за јавни приходи преку 285.000 евра по основ на ДДВ и Данок на добивка, податоци кои во месец април ги објави УЈП и на кој начин ќе се исплатат овие долгови?
Дали за власта на ВМРО-ДПМНЕ „Колска“ и нејзините работници одсекогаш биле отпишани?
Примерот со пропаѓањето на Колска на штета на работниците уште еднаш покажува зошто одговорност за целокупниот криминал мора да има. Правдата мора да се врати за да се заштитат работничките права. Оние што сториле криминал да одговараат.
Затоа на Македонија и се неопходни демократски промени.
По демократските промени, новата Влада на СДСМ сериозно ќе се посвети на решавање на проблемите во „Колска“ во интерес на работниците.
