ВИДЕО: Изјавата на холивудскиот актер за „Суперболот“ е хит на денот

од Берта Китинска
221 прегледи

Холивудскиот актер Рајан Рејнолдс разговараше со водителите на утринската програма за еден од најголемите телевизиски и спортски настани во Америка, финалето на Супербол , што ќе се организира во недела на 7 февруари.

Рејнолдс исто така едвај чека да го гледа преносот на натпреварот, но во емисијата „Добро утро Америка“, со својата изјава ги насмеа домаќините.

-Ќе ја гледам играта, имам три ќерки, па така заедно со сопругата Блејк Лајвли, јас и децата ќе седнеме и ќе ја гледаме четири, четири и пол секунди, пред да преминеме на (цртан филм) „ PAW Patrol “. И тогаш ќе продолжам да го следам натпреварот на мојот телефон – се пошегува Рејнолдс.

Слични содржини