Продукциската куќа Warner Bros објави нов трејлер за „Space Jam: A New Legacy“.
Продолжението на саканата приказна од 1996 година со Мајкл Џордан во главната улога и ликовите од Looney Tunes универзумот беше потврдено во септември 2018 година. Тогаш беше објавено дека славниот Леброн Џејмс ќе биде во својата прва актерска авантура.
Ликот кој го играат Џејмс и неговиот син се заробени во непознат виртуелен свет, а единствениот начин да се излезе од него е да се добие кошаркарски натпревар против тим составен од напредни роботи.
Душко Долгоушко и останатата позната (недисциплинирана) екипа им помагаат во таа авантура.
Покрај Леброн, значајна улога во филмот има и Дон Чидл, добитник на две награди „Златен глобус“.
Погледнете го трејлерот подолу: