ВИДЕО: Ја следел навигацијата и го утнал патот, камион 3 дена висеше над провалија

од Берта Китинска
341 прегледи

Сцените од кинескиот град Жангкси во провинцијата Шанкси го обиколија светот, а сето тоа е поради возач на камион кој ги следе иструкциите на GPS навигацијата.

Имено, камионџијата се водел по инструкциите на навигацискиот уред GPS, па дошол на тесен пат на планински премин. Камионот беше премногу широк за да помине, но возачот сепак продолжи.

Кога сфатил дека нема да може да помине, се обидел да се врати назад. Кабината и предниот дел на приколката виселе од карпата, па вистинско чудо е како возачот и совозачот успеал да излезе од кабината и да побегне на безбедно. Мотоциклист кој возел зад камионот бил сведок на се.

Возачот и совозачот успеале да излезат од камионот, а властите конечно после три дена успеале да го преместат возилото на безбедно место.

Слични содржини