(ВИДЕО) „Јавно бесење“ во Париз: Порака до претседателот на Иран – Добредојдовте Рохан, џелатот на слободата

од Vladimir Zorba
118 прегледи

Полугола жена, која висеше од париски мост на јаже, испрати порака до иранскиот претседател Хасан Рохан кој е во посета во француската престолнина.

CZzUj4OWQAAE_z_ (1)

“Добредојдовте, Рохан, џелатот на слободата”, гласеше натписот на огромен транспарент, распнат на пешачкиот мост над реката Сена во близина на Ајфеловата кула. Со овој протест феминистичката организација “Фемен” сакаше да го привлече вниманието на голем број егзекуции во Иран.

 
Иран е една од земјите во светот со најчеста примена на смртната казна, пред него е само Кина, покажуваат податоците на “Амнести интернешенел”. Повеќето егзекуции во Иран се поврзани со шверц на дрога.
Активистката која висеше од мостот, рече дека групата организирала “јавно бесење”, за да го привлече вниманието на егзекутираните од политички причини и да изврши притисок врз францускиот претседател Франсоа Оланд да го покрене прашањето за човековите права на средбата со Рохан.

https://www.youtube.com/watch?v=FbYqjuGPGuY