183
Никола Јокиќ имаше уште еден извонреден настап во дресот на Денвер и со нов трипл-дабл му пресуди и на Сакраменто.
Нагетс стигнаа до победата предводени од српскиот центар кој уфрли 35 поени, а имаше и 22 скокови и 17 асистенции на оваа средба.
Она што дополнително ги излуде НБА фановите е „лудиот“ кош кој Јокиќ го постигна од својата половина со звукот на сирената.
Србинот погоди со една рака, а НБА коментаторот ја проследи атрактивната тројка со легендарна забелешка дека ја уфрлил топката од Сомбор.