Јулија Навалнаја, вдовицата на покојниот руски опозиционер Алексеј Навални, изјави дека би се вратила во Русија и би учествувала на избори ако „режимот на Владимир Путин“ биде соборен.
– Владимир Путин е мојот политички противник и ќе направам сè што е во моја моќ за да го соборам неговиот режим што е можно поскоро, изјави Навалнаја во интервју за Би-Би-Си.
Большое интервью Юлии Навальной телеканалу BBC https://t.co/dUse1fg4JL
— Мизантроп поневоле (@KateJaczewska) October 21, 2024
– Сакам да живеам во Русија. Родена сум во Москва, исто како и моите деца… многу ми е важно да се вратам. Се надевам дека еден ден режимот на Путин ќе падне и јас ќе се вратам, додаде таа.
Според неа, рускиот претседател е „одговорен за смртта на нејзиниот сопруг“, а неговиот Фонд за борба против корупцијата има „докази“ што ќе бидат откриени кога ќе се разјасни „целосната слика“.
Навалнаја истакна дека недоволната меѓународна реакција по смртта на нејзиниот сопруг е навреда за неговото наследство и повика на санкции против Путин и неговата блиска околина.