(ВИДЕО) Кадиров: Нападнат Универзитетот на руски специјални сили во Чеченија

од Илинка Илиоска
34 прегледи

Чеченскиот лидер Рамзан Кадиров изјави дека дрон го нападнал Универзитетот на руски специјални сили во Гудермес, Чеченија, по што се запалил покривот на една од зградите, а нема повредени.

Кадиров изјавил дека зградата во која се запалил покривот била празна.

Чеченскиот лидер рече дека нападот со дрон не влијаел на работата на Универзитетот и дека институцијата функционира нормално.

Кадиров посочува дека за тој напад е покрената истрага за да се утврди одговорноста.

Слични содржини