Ако некогаш сте се запрашале како ќе изгледа Земјата, ако човештвото исчезне, тогаш денешната ситуација околу Чернобил го наслика тоа. Тишина, мрак и застрашувачка пустелија е единственото нешто што талка околу реакторот и околината на градот Припјат.
Областа е напуштена речиси 30 години, пишува sciencealert.com. Несреќата во Чернобил од 26 април 1986 година предизвика смрт на десетици луѓе. Тогаш експлодираше капакот на реакторот. Формираниотод нуклеарниот отпад облак се рашири над големи делови од Европа. Зоната околу централата и до денес е изолирана. А ,полн научен консензус за последиците од катастрофата сѐ уште нема.
“Проблемот е дека официјална статистика нема” – вели Себастијан Пфлугбајл, претседател на германското Друштво за заштита од радиоактивно зрачење. Експертите сметаат дека во меѓувреме се напишани над 30 илјади научни пораки посветени на последиците од катастрофата, од кои повеќето – на словенски јазици.
Жртви има и меѓу т.н. ликвидатори – луѓето работеле на расчистувањето на реакторот, умреле од зрачење. Меѓу преживеаните – како што покажуваат истражувањата – се забележани голем број заболувања од леукемија, кардиоваскуларни страдања и оштетување на мозокот.
Истражувачот Дерек се појави денес со актуелното видео, во момент во кој светот трепери од нова радијација поради пожар во реонот во понеделникот.