(ВИДЕО) Како Nevera на Rimac се справи со Tesla и Bugatti Chiron

од Vladimir Zorba
570 прегледи

Два автомобили во мнозинска сопственост на Rimac Automobile, Bugatti Chiron и Rimac Nevera, конечно застанаа на линијата и си ја измерија силата.

Трката ја организираа американски Јутјубери кои се и сопственици на автомобили, а Nevera лично им ја предаде Мате Римац.

Автомобилите се соочија еден со друг на пистата во Охајо, а на Bugatti и Nevera им се придружи најмоќната Tesla. Со други зборови, на трката учествуваа моделите Rimac Nevera, Bugatti Chiron Super Sport и Tesla Model S Plaid.

Тоа беше и судир меѓу бензинскиот мотор, кој го придвижува Bugatti, и електричните автомобили. Nevera е придвижуван од дури четири електрични мотори, по еден на секое тркало, и тие обезбедуваат вкупна моќност од 1914 КС со импресивни 2360 Nm вртежен момент. Максималната брзина што ја развива е 412 km/h, додека за да достигне 100 km/h потребни се само 1,97 секунди.

Од друга страна, Bugatti Chiron има 8-литарски бензински мотор со дури 16 цилиндри, а развива 1600 КС со 1600 Nm вртежен момент. Максималната брзина е 440 km/h што го прави еден од најбрзите автомобили во светот, а за да достигне 100 km/h потребни се 2,4 секунди.

И конечно, најбрзиот модел на Tesla, Model S Plaid е придвижуван од три електромотори кои му даваат 1020 КС со максимална брзина од 322 km/h, додека за да достигне 100 km/h му се потребни 2,1 секунди.

Но, бројките се едно, а практиката е друго. Како изгледаше оваа трка и кој беше конечниот победник погледнете во видеото подолу:

Слични содржини