Мадона објави на YouTube два тизера за претстојната турнеја Rebel Heart (“Бунтовничко срце”).
Видеото прикажува снимки од пробите на танчерксата трупа составена од 30 млади мажи и жени. Во една од сцените се појавуваат девојки облечени како калуѓерки кои танцуваат околу шипка.
Тизерите се дополнети со цитат од песната на Мадона Devil Pray (“Ѓаволска молитва”): “Ако сакаш да зачуваш душата своја, тогаш треба да патуваме заедно и да го присилиме Ѓаволот да се моли.” Самата Мадона речиси не се појавува во кадрите.
Rebel Heart стартува на 9 септември, а Мадона ќе одржи концерти во САД, Канада, Европа, Австралија и Азија.
https://www.youtube.com/watch?v=_Iy6daF4VFs