Моделот Карла Клос официјално го направи своето деби како рекламно лице за модната куќа Diane von Durstenberg.
Рекламната кампања за есен-зима 2015 тргна по еден поинаков пат и претставува цел видео-филм, тематски наречен “DVF Secret Agent”.
Освен тоа што самата Карла Клос влегува во улогата на таен агент, името на проектот е инспириран и од новиот модел истоимена торба која е во фокус на кадрите.
Ова е прв пат, во кој модната куќа се обложува на сличен пристап и става додаток од својата последна колекција како централен акцент во рекламна кампања.
“Торбата DVF Secret Agent и ликот кој Карл Клос игра, се всушност метафора за жената на DVF”, изјави самата Дајан Фон Фјорстенберг.
“Таа е бизнис дама, мајка, љубовница, пријател. Таа е секогаш во движење. Сега ние го создадовме совршениот “соучесник” за секој аспект од животот кој таа го живее целосно. Се доверивме на Питер (Линдберг) за да ја улови приказната и суштината на оваа жена, и сум воодушевена од резултатот. “, Додаде дизајнерката.
Видеото ни ја претставува Карла Клос, која влегува во режимот “инкогнито” со сексапилни фустани во различни бои кои ги менува во лифт и дури и на задното седиште на автомобилот.
Можете да ги видите кадрите во нашата галерија, а и целото видео погоре.