Моделите се познати по своите совршени тела – сепак тие вложуваат секојдневни грижи за нив.
Инаку не би можеле да истраат во модниот бизнис и тоа на првите позиции како Карла Клос . Ѕвездата го демонстрира своето тонирано телото во нова фотосесија за списанието Self.
На насловната 22-годишната Карла покажува витка фигура, а на останатите кадри можеме да ја видиме во серија акробатски пози.
Поранешниот ангел на Victoria’s Secret изгледа како вистински спортист, како што сами ќе се уверите од спектакуларните фотографии за августовскиот број на Self.
“Имам чувство дека постојано сум во движење, што многу ми се допаѓа.Причината поради која имам кариера е затоа што можам да се движам “ , открива русокосата пред изданието.
