Во замокот Виндзор сè е во спомен на кралицата Елизабета. Во оваа прилика се собраа и принцот и принцезата од Велс Кејт и Вилијам со принцот Хари и неговата сопруга Меган Маркл. Гласините за несогласувањата во семејни односи овојпат беа оставени настрана; почитта и љубовта кон починатата кралица ги обедини сите членови на кралското семејство.
Меган и Кејт за оваа прилика се одлучија за фустани до колена, секако црни,според приликата.
Мидлтон носеше потесен фустан со долги ракави, кој беше со црн појас. Принцезата од Велс фустанот го спои со проѕирни црни хулахопки и црни потпетици.
На церемонијата во замокот Виндзор присуствуваше и Меган Маркл во многу слична облека. Таа носеше подолг фустан со кратки ракави.
Ова е денот кога овие две дами со своето однесување и облекување беа обединети во чествувањето на споменот на саканата кралица.