(ВИДЕО) Кејти Пери го објави спотот за олимпискиот хит “Rise”

од Vladimir Zorba
66 прегледи

По помалку од месец од објавувањето на аудиото, Кејти Пери го претстави и видео спотот за песната „Rise“.landscape-1470071306-screen-shot-2016-08-01-at-10807-pm

31-годишната пејачка немаше објавино нов сингл од 2013-та, по платинестиот албум “Prism”.

Песната “Rise” е посветена на претстојната Олимпијада во Рио.

“Тоа е една песна што е внатре во мене веќе неколку години и конечно дојде моментот и таа да излезе на површината. Бев инспирирана да ја завршам токму сега, а не да ја чувам за следен албум, токму затоа што сега повеќе од било кога, потребно е нашиот свет да се обедини “, вели Кејти во официјалната изјава.

“Знам дека заедно можеме да се издигнеме над стравот, како во нашата земја така и во светот. Не можам да се сетам на подобар пример од олимписките спортисти, бидејќи тие се собираат во Рио. Со нивната сила, одлучност и безстрашност тие нè потсетуваат колку сме силни, кога сме заедно. Се надевам дека оваа песна може да нè инспирира да се обединиме. За мене е чест што ја избраа мојата песна за химна на Летните олимписки игри “, дополнува Пери.