Неколку стотици демонстранти се обидоа да влезат во салата за конференции во која се наоѓа и кабинетот на претседателот Петро Порошенко.

Тие бараат од неа да дадат изјава за јавноста. Демонстрантите, според инфоирмациите на тамошните медиуми, бараат оставка од министерот за одбрана на Украина и на шефот на безбедносните служби.
Судирот на демонстранти со Националната гарда се уште е во тек.
Според првичните извештаи, тие прво го пробиле полицискиот кордон која ја чуваше зградата на администрацијата, но многу брзо напад бил одбиен.
Официјалните лица негираа упад во кабинетот, тврдејќи дека при нападот никој не бил повреден.
Протестите во Киев се во организација на Братството на сите батаљони, новоформираната група, во која се сите оние кои се бореа во источниот дел на Украина, како и оние кои учествуваа во демонстрациите во Мајдан.
Ова е една од серијата протести откако Украинската влада го расформира баталјонот на доброволците.