(ВИДЕО) Ким и Кание ги ангажираат своите деца како модели за нивната модна линија

од Vladimir Zorba
82 прегледи

Ким Кардашијан и нејзиниот сопруг Кание Вест одлучија да создадат заедно модна линија за мали деца под името Yeezy.

Како модел за облеката ТВ ѕвездата ја користела сопствената ќерка Норт.

Двојката прикачи и видео во социјалните мрежи, на кое се гледа како девојчето е во фустанче со монистра, кое ја менува бојата во зависност од светлината. Исто така малата Норт носи и жолта јакна.

“Проверете некоја од детските облека, над кои работеле мама и тато” – се пофали  Ким во снимката. Ѕвездата изјави дека Норт сама избрала бои и материјали за облеката.

Всушност Ким не за прв пат се испроба во модниот бизнис. Таа и нејзините сестри се занимаваа со линијата “Kardashian Kids” во 2015 година.

Кание исто правел детска облека, и приспособил за Норт дел од својата колекција за “Adidas”.

Сè уште не е јасно кога новите алишта ќе бидат пуштени во продажба.