247
Оригиналната музика на Кирил Џајковски за делото на македонскиот режисер Иво Трајков „Големата вода“ е богата со оркестарски текстури, а сепак деликатна и емотивно чувствителна, пишува порталот „Равно до дна“.
Тоа е вистинско сведоштво за неговата зрелост како музичар на филмска музика, подеднакво елоквентен во драматични, ударни, речиси племенски парчиња („Chasing Lem“, „Blood Brothers“) и емотивни, интроспективни, елегантни композиции („The Great Water“, „Forgiveness“, „Farewell“).
Овој маестрален материјал беше препознаен и на филмскиот фестивал во Валенсија, каде што ја освои наградата за најдобра музика.