(ВИДЕО) Кирстен Стјуарт е лошата девојка во новиот спот на Ролинг Стоунс

од Vladimir Zorba
84 прегледи

Кирстен Стјуарт е ѕвездата во новиот музички видео спот на Ролинг Стоунс за нивната преработка на хитот на Еди Тејлор Ride Em On Down.

Во улогата која можеби е една од најкул ликовите што ги одиграла, можеме да ја видиме Стјуарт како се вози низ Лос Анџелес во олдтајмер. Како да излегла од сон со Џејмс Дин во бела маичка, ретро џинс и залижана коса, актерката јури низ градот, со кусо запирање за да потанцува на бензиска станица, пред да продолжи со вртење од 360 степени кон залезот на сонцето.

„Не ми требаа повеќе од неколку збора за да ме заведат со идејата“, изјавила Стјуарт. “Стоунси. 65 Мустанг. Сама во Лос Анџеле. И снимањето беше магично колку и идејата. Го изоравме Лос Анџелес во еден ден со одличен саундтрак во фон“.

Нумерата е ден од новиот албум на Ролинг Стоунс со блуз преработки насловен Blues & Lonesome.