ВИДЕО: Кит Ричардс сними трогателна роденденска честитка за Мик Џегер

од Stefanija Kuzmanovska
420 прегледи

Гитаристот на Ролинг Стоунс, Кит Ричардс, сними роденденска честитка за својот колега од бендот Мик Џегер, кој во средата наполни 80 години.

Џејгер и Ричардс – т.н „блескавите близнаци“, пријатели од детството и основачите на најголемиот рокенрол бенд на сите времиња – се родени во истата година, а гитаристот на „Rolling stones“ треба да го прослави својот 80-ти роденден во декември.

По повод роденденот на Џегер, Ричардс на својот Инстаграм профил објави видео на кое накратко свири на клавир, а потоа упатува трогателна честитка до својот рокенрол другар.

„Драг Мик, ајде да продолжиме да си го кажуваме ова долго време – Среќен роденден Мик, уживај во него и јави ми се да ми кажеш какво е чувството“, рекол Кит, пренесе „Индипендент“.

И колегата од бендот Рони Вуд му испрати честитка на Џегер на Твитер. „Среќен 80-ти роденден“, напиша Вуд и сподели неколку заеднички фотографии со Џегер.

Џегер на социјалните мрежи им се заблагодари на сите за честитките.

Лени Кравиц, Најл Роџерс и Шон Оно Ленон, меѓу другите, му го честитаа роденденот на пејачот на Ролинг Стоунс.

Слични содржини