Рускиот претседател Владимир Путин не исклучува свое учество во 70-та сесија на Генералното собрание на ОН во септември, пренесоа агенциите, цитирана од БГНЕС.
Тоа го соопштил самиот Путин на средба со шефовите на светски новински агенции во рамките на Петербугскиот меѓународен економски форум. Конечна одлука според претседателскиот прес секретар Дмитриј Песков уште не е донесена.
Путин зборуваше на говорницата на Генералното собрание на ОН три пати – во 2000, 2003 и 2005 година
Генералното собрание на ОН, кое се состанува еднаш годишно, е главното советодавно тело на светската организација. Во него заседаваат претставници на сите земји-членки и секоја има еден глас.
По падот на СССР, Путин е првиот моќен претседател на Русија и во неговиот мандат за прв пат се заладија односите меѓу Западот и Русија. Во светската историја запаметен остана говорот на моќниот лидер на СССР-Никита Хрушчов за време на кубанската криза кога ја крена на нозе асамблејата на ОН со закани против САД и во знак на револт удираше по масата каде што седеше. Во моментов Рузија и Западот се конфронтираат на повеќе места на планетата,нешто слично како и за времето на постиењето на СССР. Ќе се испише ли новата светска историја во ОН?