(ВИДЕО) Кочанските гробишта ќе се прошируваат, настраданите ќе бидат погребани во посебен дел

од Milan1
1,8K прегледи

На колегиумот што утринава се одржа во Општина Кочани, а по трагедијата што се случи во дискотеката „Пулс“, сега градоначалникот во оставка дал неколку препораки за преземање активности во наредниов период.

– Од колегиумот е упатена препорака за целосно почитување на прогласената седумдневна жалост, со што се откажуваат сите настани од забавен, културен и спортски карактер. Упатена е препорака до Управниот одбор на КЈП „Водовод“ да донесе одлука за проширување на парцелите во Градските гробишта и определување посебно место за починатите во пожарот, како и одлука за бесплатно доделување парцели за починатите и за погребните услуги коишто се во надлежност на КЈП „Водовод“, се вели во информацијата.

„Ројтерс“ објави видео од багерите кои веќе се на терен и ги копаат гробните места.

Слични содржини