(ВИДЕО) Коцијанич: Контактите не терен се посредувани од амбасадорите на ЕУ и САД

од desk3
86 прегледи

 

Европската унија очекува од политичките лидери во Република Македонија да најдат излез од политичката криза во земјата, ја повтори во име на официјален Брисел денеска пораката портпаролката на Европската комисија, Маја Коцијанчиќ.

kocijancic

Како што јавува дописникот на МИА од Брисел, запрашана дали договорот од Пржино постигнат на 2 јуни/15 јули минатата година и дефинитивно ќе пропадне ако не се одржат предвремените парламентарни избори во Македонија на 5. јуни, гласноговорничката на Еврокомисијата потврди дека претставниците на ЕУ и САД во Скопје посредуваат за да се дојде до договор, но беше децидна дека е се оставено на лидерите на четирите најголеми политички партии во Македонија.

– Многу добро е позната нашата позиција во однос на политичката криза што се уште трае во БЈР Македонија. Ние како ЕУ сме во постојан контакт со партиите и со засегнатите страни. Ние очекуваме од лидерите во Скопје да најдат излез од кризата за евроатлантски пат на земјата и за доброто на граѓаните. Говорејќи во овој контекст, можам да ви кажам дека контактите не терен се посредувани од амбасадорите на ЕУ и САД, истакна Маја Коцијанчиќ./MИА

Слични содржини