Австралиска компанија одлучи конечно да си признае дека во последните две години објавувала лажни клипови кои брзо стекнувале популарност на интернет, со цел да ги заблудува новинските сајтови и телевизиските канали во светот. Woolshed се занимава со продукција на филмови и се наоѓа во Мелбурн. Можеби сте виделе барем еден од осумте нивни видеа – во некои од нив мечка брка скијач, ајкула се доближува опасно блиску до пристаништето во Сиднеј, а лавот е подготвен да се одмазди за смртта на својот пријател.
Некои клипови веднаш се препознаени како лажни и многу луѓе изразуваат сомневање во вистинитоста . Токму тоа ги претвора во сензација. Продуцентите го нарекуваат тоа “социјален експеримент”. Од Woolshed тврдат дека имаат повеќе од 205 милиони прегледиво 180 земји и близу 1,6 милиони каследбеници на Facebook.
“Си поставив за цел да разбереме како точно се создаваат кратки форми на високо споделување на содржина која е способна да достигне до глобалната маса, без да има потреба од скапи рекламни кампањи, јавни стратегии и дистрибуција на реклами”, објаснува компанијата на личниот сајт .
