158
Со фотографии од загинатите, семејствата и роднините, со молчење и плачење тргнаа на марш за загинати во дискотеката „Пулс“, во Кочани. Тие порачаа дека бараат вистинска а не селективната правда, а на властите им порачаа дека коруптивниот систем ги уби нивните деца.
Нивните пораки ги испратија преку транспаренти на кои пишува: „Ова не е несреќа, ова е убиство“, „Коруптивниот систем ги уби нашите деца“, „Марш за 59-те ангели“.