(ВИДЕО) Косовски адвокат со 4 магариња дојде пред собранието: Не разбирам зошто полицијата е загрижена за четири магариња, а не е загрижена за магарињата внатре

од Milan1
72 прегледи

Пред седницата на косовското собрание кое неуспеа и по 41-ви обид да се конституира, адвокатот Арианит Кочи излезе повторно на протест. Овој пат, Кочи одлучи да го изнесе својот протест на нов и посебен начин.

Адвокатот донесе 4 магариња пред Собранието. Тој нагласи дека ги зел како симбол за да покаже кој ги води.

„Истите луѓе мислат дека сме магариња. Протестот е мирен. Им се извинувам на овие магариња што дојдоа од Истог до тука“, рече Кочи.

Кочи рече дека премиерот Албин Курти е виновен за политичката ситуација во земјата. Тој изрази незадоволство и од другите партии.

„Не сакам да бидам фактор што ги продлабочува поделбите, но сакам да бидам фактор на единство. Исто така, имам големи резерви кон ПДК, ЛДК, ААК и Нисма, бидејќи се однесуваат како да се кукавици“, рече Кочи.

Тој рече дека не разбира што полицијата е загрижена за четири магариња, а не е загрижена за магарињата внатре.

На 5 јули е закажана новата конститутивна седница на косовското собрание.