На неа се уште има 18 мини и шест торпеда.

Потоната германска подморница UC-30 од времето на Првата светска војна беше откриена крај бреговите на Данска. За тоа пишува весникот Shz.de.
Речиси 100 години од нејзиното потонување на морското дно на 10 километри од полуостровот Јитланд, таа е пронајдена во длабочините на морето.
Според податоците на експедиција, и до денес на неа има 18 мини и шест торпеда. До нивно деактивирање или спроведување на некави спасивачи активности во близина на подморницата се крајно опасно.
Во радиус од еден километар од откритието е забранет риболовот. Локалните власти се уште не одлучиле како да постапуваат со пловилото.
Подморницата UC-30 е создадена во 1915 година. Меѓу задачите и било минирање на сите пристапи од море кон копното.