(ВИДЕО) Кратер на браната од рудникот Бучим – вознемирени жителите на Тополница

од Vladimir Zorba
105 прегледи
Страв, паника и вознемиреност меѓу жителите на радовишка Тополница по минатонеделната појава на кратер длабок  неколку десетици метри на самиот насип на хидројаловишната брана на рудникот за бакар Бучим, информира 24Вести. 
Кратерот се појавил откако цела недела низ колекторот течела јаловина која заедно со водата течела по селската река. Тополчани кои живеат во подножјето на браната тврдат дека станува опасно да се живее во селото,  кое има над 600 жители.
Од рудникот за бакар Бучим  потврдија дека се појавил кратер  од насипот на браната Тополница заради однесен песок од јаловиштето. Кратерот веднаш бил саниран и не е загрозена стабилноста на браната.
Целиот текст можете да го прочитате тука