Ким Кардашијан и Криси Тејган се здружија во новиот елитен мајчински клуб на Ферги за видеото за нејзиниот нов сингл MILF $.
41 годишната пејачка која има син со сопругот Џош Духамел го објави жешкиот клип вчера.
Сиара, Алесандра Амброзио, Гема Вард, Тајра Лин, Девон Аоки, Ангела Линдвал, Изабели Фонтана, Амбер Валета, Наташа Поли, Кристи Тејган и Ким Кардашијан ја заокружуваат мама бандата.
Ова е првиот сингл на Ферги од вториот соло албум „Double Duchess“.
Во видеото се појавуваат и некои од децата на познатите мајки, додека овие се облечени провокативно, во долна облека, прикажани во еротски пози и полевајќи се со млеко.
Криси Тејган дури и го дои своето новородено бебе во првите кадри од видеото.




