(ВИДЕО) Крушевчани револтирани довикуваа по Миле Јанакиевски

од Vladimir Zorba
95 прегледи

Поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески , за 2 Авгсут беше дочекан во Крушево со извици од револтиран жител на градот по објавената “бомба“ која се однесуваше на Тоше Проески.

миле
Од видеото на Револуционер.мк се слуша како му довикуваат да помине во Спомен куќата на Тоше и таму да каже кој за кого гласал, кој ќе го избрка од работа и кои пари ќе ги прекине, но поранешниот министер со наведната глава го напушти градот.

-Во спомен куќа дојди, Миле, довикува жителот на Крушево до поранешниот министер.

Револтот кај крушевчани настана по објавениот разговор за кој СДСМ посочија дека е помеѓу Јанакиевски и министерката за култура Канческа – Милевска каде што тој бараше да се прекине финансиската помош за Спомен куќата на Тоше и да се избрка неговата сестра од работа, поради тоа што не гласале за ВМРО – ДПМНЕ.