Згрoзени и гневни се крушевчани по објавените прислушувани разговори помеѓу министрите Миле Јанакиесвки и Елизабета Канческа Милевска, кои ги објави СДСМ. Тоа се уцени за семејството на Тоше Проески, Јанкиески е непожелна личност во Крушево, велат револтирано крушевчани, пренесува Телма.
-Ги слушнав разговорите и му порачувам на Миле Јанакиевски да не стапене веќе во градот, да го снема, изјави еден крушевчанец
-Премногу се вознемирив, дали е возможно ова да му се случува на Тоше, на неговот семејство? Да ги поврзуваат политички, дали Тоше го заслужи тоа? , вели еден млад жител на Крушево
-Тоа е многу нехумано, ни го усрамија Тоше,а сите се гордееја со него. Вакви уцени не се во ред, ова е голем срам за Македонија и за партијата на власт.
-После неговата смрт вакво нешто да се случува не е добро,не заслужува Тоше, велат крушевчани
Ниту од семејството, ниту од фондацијата „Тоше Проевски“ не сакаа да ги коментираат рзговорите помеѓу двајцата министри
И покрај најавите, но и желбата на семејството, вечното почивалиште на Тоше Проески на Гумење и по 7 години од смртта не е направено.
