Во судирите учество зедоа мигранти кои живеат под шините и група локални радикали
Десетици мажи кои се борат со метални прачки и дрвени колци меѓу тонови ѓубре – е слката која се гледа на снимката, снимена во реонот на париската метро станица “Сталинград”. Станува збор за судир од пред еден месец, во кој учество зеле невработени имигранти кои живеат под шините и група локални радикали, пренесува Би Ти Ви.Според “Паризиен”, во ноќта на 14 април барем четири лица се повредени при две огромни тепачки До насилството дошло откако група локалци и почнала да ги задеваат мигрантите, од кои повеќето се од Африка и Блискиот Исток. Пијан Французин истрелал врз нив петрди и огномет. ПОлицијата во интервенција морала да употреби и солзавец против двете групи. Тие, од своја страна, фрлале врз нив со шишиња и секакви други предмети. Во реонот на метростаницата само за еден месец се дојдени околу 1.000 имигранти, од кои некои – протерани од големиот камп во Кале. Напаѓачите од соседството пак се од т.н. “Бригада за сузбивање на криминалот”.
https://youtu.be/cwoSzQL4yMs