(ВИДЕО) Куче на врвот на Кеопсовата пирамида, на никого не му е јасно како се качило таму

од Milan1
107 прегледи

Авантуристот Алекс Ланг одлучил да ја посети, Кеопсовата пирамида, летајќи со параглајдер.

На социјалните мрежи кружи необично видео кое тој го направил, а една работа особено ги шокираше сите. Имено, на видеото можете да видите куче кое шетало по камените блокови.

„Тој лаеше по птиците што летаат над неговата глава“, рече Ланг.

Со оглед на тоа дека пирамидата во Гиза е висока 138 метри и е направена од големи блокови од варовник, базалт и гранит, на многу луѓе не им е јасно како и зошто кучето се нашло таму и како дури и се искачило на врвот.

Слични содржини