Со сосема спротивен изглед од минатогодишниот (и сите претходни), Пирели ја подигна завесата пред новиот календар за 2016 снимен од талентираната Ани Лебовиц. Наместо стандардните расоблечени секси модели, за првпат во историјата, Пирели се одлучи сосема да го промени својот стил, и во центарот под рефлекторите да постави некои од светските највлијателни жени.
Календарот содржи црно-бели портрети на Јоко Оно, Пати Смит, Серена Вилијамс, Фран Лебовиц, Ејми Шумер, Тави Гевинсон, Ејва Дувернеј, Наталија Водјанова, Агнес Гунд, Кејтлин Кенеди, Мелоди Хобсон, Шајрин Нешат и Јап Чен.
Бидејќи календарот нема да биде пуштен во продажба, туку ќе биде подарен на ексклузивна група од 20.000 „ВИП музичари, политичари и елита“, за да поуживате и донесете суд за новиот концепт, можете да го погледнете снимањето во видеото погоре.
